Флотхед
Езерото Флотхед е најголемото природно слатководно езеро западно од реката Мисисипи во континенталниот дел на САД. Сместено во северозападниот дел на сојузната држава Монтана, зафаќа површина од 510 км2, долго е 44 км, широко е 25 км, а најголемата длабочина изнесува 113 метри. Се наоѓа на надморска висина од 882 метри, а должината на крајбрежјето изнесува 260 км.