Финк (пејач и бенд)
Фин Гринал, попознат како Финк, е англиски пејач, текстописец, гитарист, продуцент и диск-џокеј, роден во Корнвол и во моментов твори од Берлин и од Лондон. Од 1997 до 2003 тој се фокусира на електронската музика и пушта музика низ светските клубови, а го издава својот деби албум наречен Fresh Produce преку издавачката куќа Ninja Tune. По издавањето на Biscuits for Breakfast, името Финк се однесува и на изведувачкото трио предводено од самиот Гринал, вклучувајќи ги и Гај Витакер (бас) и Тим Торнтон (тапани).
Финк | |
---|---|
Познат(а) и како | Фин Гринал |
Потекло | Корнвол, Англија |
Жанр(ови) | Блуз, даб, инди рок, трип-хоп |
Занимање/ња | текстописец, гитарист, пејач, диск-џокеј, музички продуцент |
Години на активност | 1993– |
Продукциска куќа/ќи | R'COUP'D / Ninja Tune |
Членови | Фин Гринал Тим Торнтон Гај Витакер |
Бендот има веќе има 7 студиски изданија. Biscuits for Breakfast (2006), Distance and Time (2007), Sort of Revolution (2009), Perfect Darkness (2011), Hard Believer (2014), Horizontalism (2015) и Resurgam (2017).
Фин Гринал има остварено соработки со низа музичари како Џон Леџенд, Химена Сарињана и Професор Грин. Заедно со Ејми Вајнхаус, Фин ја напиша песната „Half Time“ која се појавува на посмртно објавената збирка песни на Вајнхаус, Lioness: Hidden Treasures. Во 2012-та, бендот настапи заедно со Кралскиот Концертгебау оркестар во Амстердам, по што следуваше и албум од настапот во живо - Fink Meets The Royal Concertgebouw Orchestra.