Пивара Фикс (грчки: Φιξ) — основана во 1864 година од Јохан Карл Фикс во Атина, е првата голема пиварница во Грција. Околу 30 години претходно, неговиот татко почнал да произведува пиво во Грција. Како снабдувач на дворот на грчкиот крал, компанијата можela да одржи монополска позиција на грчкиот пазар околу 100 години. По банкротот на компанијата во 1983 година и неколкуте неуспешни обиди за нејзино заживување, пивото Фикс повторно се приготвува во сопствена пиварница од 2009 година. Причината за тоа е релативно високата популарност на пивото во медитеранските земји.

Логото на компанијата