Фестивал де Корнуај
Фестивал де Корнуај или само Корнуај Кемпер — годишен фестивал што се одржува во Кемпер, град во југозападниот дел на Бретања, западен регион на Франција. Фестивалот започнува во третата недела од јули и трае една недела. Се одржува од 1923 година и е еден од најголемите културни настани во Бретања.
Фестивалот ја истакнува бретонската култура во нејзината различност и нејзиното богатство. Околу 180 изведби, концерти и анимации се одржуваат дење и навечер во урбаното срце на градот Кемпер: „Фестивалот во срцето на градот и културата“.
Историја
уредиОд 1923 г
уредиФестивалот бил основан во 1923 година како еден вид натпревар за убавина. Идејата била да се избере најубавата девојка во регионот и да биде крунисана за кралица на фестивалот. По натпреварот, придружуван од пијано и виолина, била вечера за 300 гости, а фестивалот завршувал со голем бал. Фестивалот во овој облик а продолжил до 1947 година.
Фестивалот не се одржувал за време на Втората светска војна, но бил обновен по завршувањето на нацистичката окупација во 1945 година. Во 1947 година „Фестивалот на кралиците“ бил преименуван во Голем Фестивал де Корнуај. Првиот настан под ова име бил четиричасовен фолклорен фестивал, фокусиран на бретонската традиција.