Фестивал дел Гран Подер во Ла Пас
Фестивал дел Гран Подер — верски фестивал кој се слави во градот Ла Пас во Боливија. Фестивалот развива различни верски и празнични практики на синкретичен начин меѓу католиците и ајмарите.
Фестивалот Сантисима Тринидад дел Сењор Хесус дел Гран Подер се одржува на Денот на Света Троица во градот Ла Пас. Секоја година прославата го трансформира и стимулира општествениот живот на Ла Пас, што произлегува од посебен начин на разбирање и живеење на андскиот католицизам. Парадата започнува со поворка низ западниот дел на градот. Оваа поворка е централна за настанот, вклучувајќи 40.000 поклоници кои танцуваат и пеат на светецот-заштитник. Играта има свето значење за шеесет и девет вклучени братства, кои се причекуваат на улиците во еуфорична атмосфера во која одекнува музиката на 7.000 музичари. Тешките танци започнуваат со Моренос, иконскиот танц на фестивалот, помешан со лесни танци. Следниот ден, членовите на поворката свечено го носат на рамениците светецот-заштитник на областа Гран Подер; приврзаниците му оддаваат почит на сликата со темјан, цвеќиња и конфети. Братствата ги подготвуваат своите музички репертоари во текот на целата година; везителите и златарите го пренесуваат своето знаење во семејствата Гран Подера, а посветениот аспект на практиката се пренесува преку церемонии за предавање, вечери и поворки.
Фестивалот бил бпишан на списокот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на светот во 2019 година.[1]
Галерија
уреди-
Танц Капоралеса, со потекло од Ла Пас
-
Танц Кулаваде, со потекло од Ла Пас
-
Бенд музичари кои учествуваат на фестивалот
-
Тата Данзанте, со потекло од Ла Пас
Наводи
уреди- ↑ „The festival of the Santísima Trinidad del Señor Jesús del Gran Poder in the city of La Paz“. ich.unesco.org. Посетено на 21 јуни 2022.