Густаф Фердинанд Боберг (11 април 1860 - 7 мај 1946) бил шведски архитект.[1]

Фердинанд Боберг (1903)
Сондрумсурнан во Халмштад

Биографија

уреди

Боберг е роден во Фалун. Тој станал еден од најпродуктивните и најистакнатите архитекти на Стокхолм околу крајот на 20 век.[2] Меѓу неговите најпознати дела е електрична фабрика во Бјорнс Тродгард во Стокхолм, инспирирана од блискоисточната архитектура. Зградата била преобразена во доцните деведесетти години и сега е Стокхолмска џамија. Тој, исто така, ја дизајнирал „ Нордиска компанија“, најистакната стоковна куќа во Стокхолм и Розенбад, во која денес се наоѓа и канцеларијата на шведската влада.[3]

По пензионирањето како архитект во 1915 година, Боберг и неговата сопруга Ана патувале низ Шведска со цел да го зачуваат културното наследство преку книга со цртежи. Направени се над 3.000 скици и околу 1.000 цртежи се објавени во „Шведски слики“.[4]

Боберг починал во Стокхолм, на возраст од 86 години.

Познати дела

уреди

(По хронолошки редослед)

Наводи

уреди
  1. „Ferdinand Boberg - Uppslagsverk - NE.se“. www.ne.se (шведски). Посетено на 2017-12-13.
  2. Ferdinand Boberg - Architect mit.edu. Retrieved: December 1, 2013.
  3. Ferdinand Boberg answers.com. Retrieved: December 1, 2013.
  4. „Ferdinand Boberg: Svenska bilder“. digitaltmuseum.se (англиски). Посетено на 2017-12-13.