Феномени (валцер)

(Пренасочено од Феномен (валцер))

Феномени (германски: Phänomene), опус 193, ― валцер составен од Јохан Штраус II. Валцерот бил посветен на техничките студенти на Виенскиот универзитет и првпат бил изведен по повод нивниот бал во Софиевата сала во февруари 1857 година.[1] Оваа композиција припаѓа на серијалот валцери на Штраус кои ја отсликуваат фасцинацијата на композиторот за авангардни оркестрации и хармонични стилови на Хектор Берлиоз и Рихард Вагнер.

Наводи

уреди
  1. „STRAUSS II, J.: Edition - Vol. 14 CD“. NaxosDirect. Архивирано од изворникот на 2011-07-14. Посетено на 2008-10-09.