Фаќање на белешки е процес на фаќање информации пренесени од минлив извор, како на пример орална дискусија на состанок или час. Белешките запишани од состанок се најчесто наречени минути. Форматот на првичниот запис може да биде неформален и/или неорганизиран. Зеднички формат за ваквите белешки се кратенките, кои овозможуваат голем број на информации да бидат запишани за кратко време. Белешките се најчесто запишани во нотеси, иако може да се користат сите видови на можности за Фаќање, на пример некои сакаат да користат е-пошта за своите белешки. Фаќањето на белешки е важна вештина за студентите, посебно за тие што се на колеџ/факултетско ниво. Различни формати се користат за да се организираат информациите кои подоцна може да се разберат од истите тие формати. Компјутерите, лаптопите се користат ширум светот како уреди за Фаќање белешки. Во некои случаи, како факултетските предавања, главна цел на Фаќањето белешки може да биде да се вреже некоја идеја во умот, а белешките да бидат од секундарно значење. Професионалните запишувачи на белешки овозможуваат пристап до информации на лица со посебни потреби, кои неможат сами да запишуваат, воглавно глуви или оштетен и слаб слух. Рачното Фаќање на белешки бара само пенкало и хартија, додека електронското само лаптоп, често со специјален софтвер за истата таа намена. Професионалните запишувачи на белешки најчесто работаат на колеџи и универзитети, но исто така и на работни состаноци конференции и обуки. Тие се најчесто високо образовани и обучени. Во Велика Британија е очекувано да се има професионална диплома за Фаќање белешки, како таа понудена од Советот за напредок во комуникацијата со Глуви Луѓе (CACDP).

Системи

Графикони

Графиконот претставува стварање на графа со симболи, или табела со редици и колони. Графиконите и графичките прикази се корисни за документирање настани. Табелите се корисни за факти и вредности.

Скици

Додека белешките може да се пишуваат слободно, многумина ги организираат своите белешки во скици. Заедничкиот систем се состои од наслов кој користи Римски бројки, букви од азбуката, и арапски бројки на различни нивоа. Типична структура би било : I. Прва главна тема А. подтема 1. Детали 2. Детали Б. подтема II. Втората главна тема А. подтема

Како и да е овој тип на организација е ограничен во пишана форма, затоа што е тешко да се вратиш назад и да вметнеш други информации. Адаптибилни системи се користат за хартиени и пишани додатоци, како користење на задната страна во спирален нотес за да се вметне некој додаток. Или може да се остави поголем празен простор меѓу деловите, за да се овозможи вметнување на други информации. Прикажаниот метод е делотворен но може и да се смисли некој нов.

Мапи

Тука, идеите се прикажани во графикон дрво, со линии поврзани меѓу себе. Умовни мапи се нацртани најчесто на средината на листот и потоа се разгранети наоколу да ги прикажат сите идеи на главната цел. Бои, мали графици и симболи се често употребени да се визуализира информацијата полесно. Овој метод на Фаќање белешки е чест меѓу визуелните ученици и е главен белег на пософистицираните техники. Исто така се користи за планирање и пишување есеи.

Реченичен метод

Секоја нова мисла е запишана како нова линија. Брзината е главна вештина на овој метод затоа што не треба многу мисловно форматирање за да се формира план и доволно место за повеќе белешки. Исто, мора да се нумерира секоја нова мисла.

SQ3R

SQ3R е метод на Фаќање белешки од пишан материјал, или подобро класифициран како метод на читање и стекнување разбирање. Материјалот е даден за да произведе листа со наслови кои потоа се преобразуваат во прашања. Овие прашања се потоа пример кога се чита текстот за да се види од што е добиен истиот. Белешките се пишувани со наслови од прашањата од секој дел од материјалот посебно. Потоа се пишува резиме од меморијата и на крај се презентираат белешките.

Водечки белешки

Понекогаш предавачите може да обезбедат материјал со водечки белешки, кои претставуваат еден вид мапа од содржината на текстот со главни цели или идеи кои недостигаат. Студентите ги пополнуваат празните места во тек на предавањето. Водечките белешки може да се еден вид на патоказ за потенцирање на главните цели. Овој формат е еден вид на конструкција за студентите, сепак и тој бара активно слушање, (што е спротивно на обезбедување на копии на PowerPoint слајдови во целост). Истражувањата покажаа дека водечките белешки ги потенцираат главните идеи од предавањата и забележување на истите.

Електронски методи на Фаќање белешки

Зголемената сеприсутност на лаптопите низ универзитетите и колеџите доведе до зголемено електронско Фаќање на белешки. Многу студенти ги запишуваат своите белешки во зборовни обработувачи. Онлајн зборовните обработувачи се често употребени од студенти кои ги препраќаат своите белешки користејќи е-пошта или кои на друг начин ги користат заедничките одлики во овие апликации, а исто така може да се симнуваат текстови како податотеки (txt, rtf ...) во еден локален компјутер. Онлајн белешките создадоа проблеми за наставниците кои мора да ја балансираат образовната слобода со авторските права и интелектуалната сопственост која се однесува на содржината на курсот.