Фајлкоин
Фајлкоин (⨎) (англиски: Filecoin) ― отворен код, јавен криптовалутен и дигитален систем за плаќање наменет да биде метод за кооперативно дигитално складирање и пронаоѓање податоци заснован на блокверига.[1][2][3][4] Направено е од Protocol Labs и споделува некои идеи од InterPlanetary File System[5] што им овозможува на корисниците да изнајмуваат неискористен простор на тврдиот диск.[6] За регистрирање на зделките се користи блокверижен механизам.[7] Фајлкоин е отворен протокол и поддржан од блокверига кој ги евидентира обврските преземени од учесниците на мрежата, со трансакции направени со користење на FIL, домашната валута на блокверигата. Блокверигата се заснова и на доказ за репликација и на доказ за простор-време.[8]
Логото на фајлкоинот | |
Деноминации | |
---|---|
Множина | filecoins |
Знак | ⨎ |
Код | FIL |
Подединици | |
Развој | |
Првичен/ни творец/и | Protocol Labs и Хуан Бенет |
Бела книга | „Фајлкоин: Децентрализирана мрежа за складирање“, 19.07.2017 „Фајлкоин: Мрежа за складирање датотеки управувана со криптовалута“, 15.07.2014 |
Примена/и | go-filecoin, lotus, forest |
Почетно пуштање | 15 јули 2014 |
Кодовен репозиториум | https://github.com/filecoin-project |
Билансна книга | |
Вреднување | |
Демографија | |
Администрација | |
Мрежно место | |
Мрежно место | filecoin.io |
Историја
уредиПроектот бил лансиран во август 2017 година и собрал над 200 милиони долари за 30 минути.[7][9]
Филантропија
уредиВо април 2021 година, Фондацијата Фајлкоин дарувала 50.000 фајлкоини во вредност од 10.000.000 долари на Internet Archive.[10] Покрај тоа, основачот на Internet Archive Брустер Кале и директорката на партнерства Венди Ханамура се приклучиле на одборите на советници на фајкоинот и на Фондацијата Фајлкоин за децентрализирана мрежа.[11]
Вкупна моќност за складирање на мрежата
уредиОд февруари 2022 година, вкупниот капацитет за складирање бил 15,6 EiB,[12] и вкупните складирани податоци биле 40 PiB.[13]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Showdown in the Cloud: Dropbox IPO, Meet the Filecoin ICO“. Observer (англиски). 11 јули 2017. Посетено на 26 ноември 2022.
- ↑ Tepper, Fitz (10 август 2017). „Filecoin's ICO opens today for accredited investors after raising $52M from advisers | TechCrunch“. Посетено на 26 ноември 2022.
- ↑ Vigna, Paul (11 август 2017). „Latest Hot Digital Coin Offering: $187 Million in One Hour for Filecoin“. Wall Street Journal (англиски). ISSN 0099-9660. Посетено на 26 ноември 2022.
- ↑ „Investors poured millions into a storage network that doesn't exist yet“. Ars Technica (англиски). Посетено на 26 ноември 2022.
- ↑ „IPFS and Filecoin“. Filecoin Docs (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-09-05. Посетено на 26 ноември 2022.
- ↑ Johnson, Steven (16 јануари 2018). „Beyond the Bitcoin Bubble“. The New York Times (англиски). Посетено на 26 ноември 2022.
- ↑ 7,0 7,1 Corbyn, Zoë (8 септември 2018). „Decentralisation: the next big step for the world wide web“. The Observer (англиски). ISSN 0029-7712. Посетено на 26 ноември 2022.
- ↑ Bravo-Marquez, Felipe; Ugarte, Martin; Reeves, Steve (април 2009). „Proof-of-Learning: a Blockchain Consensus Mechanism based on Machine Learning Competitions“. 2019 IEEE International Conference on Decentralized Applications and Infrastructures (DAPPCON). 2019 IEEE International Conference on Decentralized Applications and Infrastructures (DAPPCON). стр. 119-124. doi:10.1109/DAPPCON.2019.00023. hdl:10289/12900. ISBN 978-1-7281-1264-0. Посетено на 26 ноември 2022.
- ↑ „What are initial coin offerings?“. The Economist. 21 август 2017. ISSN 0013-0613. Посетено на 26 ноември 2022.
- ↑ Hanamura, Wendy (1 април 2021). „Filecoin Foundation Grants 50,000 FIL to the Internet Archive“. Internet Archive Blogs (англиски). Посетено на 26 ноември 2022.
- ↑ Thu, Apr 8th 2021 3:39pm-Mike Masnick (8 април 2021). „Filecoin Foundation Donates $10 Million Worth Of Filecoin To Internet Archive“. Techdirt. Посетено на 26 ноември 2022.
- ↑ „Filfox Explorer“. filfox.info. Посетено на 26 ноември 2022.
- ↑ „Filecoin Storage Stats“. storage.filecoin.io. Архивирано од изворникот на 2022-07-13. Посетено на 26 ноември 2022.