Фармакоинформатика
Фармакоинформатика е научна дисциплина чија основна задача претставува складирање, евалуирање и дистрибуирање на информации за лековите, употребувајќи ги инструментите и методите на компјутерските и комуникациските технологии. Информациите за лековите можат да бидат наменети за посебни пациенти како интегрален дел од фармацевтската грижа или за останатата популација со цел да придонесат во донесувањето одлуки за рационална фармакотерапија и во евалуирањето на употребата на лекот. Првото споменување на терминот „фармакоинформатика“ е забележано во 1993 година.[1]
Наводи
уреди- ↑ Jelliffe; Tahani. Pharmacoinformatics: Equations for Serum Drug Assay Error Patterns; Implications for Therapeutic Drug Monitoring and Dosage.