Фаренхајт 9/11
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Фаренхајт 9/11 е Американски документарен филм од 2004 година.Создаден од американскиот режисер и политички коментатор Мајкл Мур. Филмот дава критичен поглед на претседателството на Џорџ Буш, војната против тероризмот и медиумите. Филмот постави рекорд како најплатен филм низ кината во Америка во категорија политички филм. Фаренхајт 9/11 е највисоко котираниот филм во Америка.[2]
„Fahrenheit 9/11“ | |
---|---|
Податотека:Fahrenheit 911 poster.jpg Promotional poster by Lisa Sandler for Miramax Films | |
Режисер | Мајкл Мур |
Продуцент | |
Сценарист | Мајкл Мур |
Главни улоги |
|
Дистрибутер | |
Премиера | мај 17 2004(Sundance) јуни 25 2004 (United States) |
Времетраење | 122 минути |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $6 милиони |
Бруто заработка | $222,446,882 [1] |
Во филмот, Мур тврди дека Американските медиуми беа "навивачите" за Американската инвазија врз Ирак во 2003 и не даваа точни и објективни анализи за вкупните жртви од Ирачката војна. Нападот кон Џорџ Буш, кој го предизвика овој филм генерираше контроверзност во текот на излегувањето на филмот, вклучувајќи спор околу точноста. На ова, Мур одговори со документирање на неговите ресурси.
Филмот дебатираше на 2004 Кански фестивал во категоријата документарен филм и предизвика 20 минутна овација од присутните, воедно и најдолгата овација во историјата на Канскиот филмски фестивал. Филмот исто така беше награден и прими "Златна палма"[3] за најдобро филмско остварување.
Филмот го имаше своето прво појавување во САД и во Канада на 23 Јуни 2004 година. Од тогаш е издаден во 42 држави. До Јануари 2005, филмот доби 120 милиони Американски долари и над 220 милиони долари низ светот.[4] Сони објави дека на првиот ден биле продадени два милиони копии од ДВД примероци, повторно нов рекорд за овој политички жанр.[5]
Насловот на филмот секако е поврзан со новелата на Реј Брадбури од 1953 година наречена Фаренхајт 451.
Финансирање и дистрибуција
уредиОригиналниот план беше овој филм да биде финансиран од Мел Гибсон[6] Сепак подоцна беше одлучено филмот да го продуцира Мирамакс Филмс кога беше постигнат договор во мај 2003 година..[7] Miramax had earlier distributed another film for Moore, The Big One, in 1997.
Кратка содржина
уредиФилмот почнува со сугерирање дека пријателите и политичките сојузници на Џорџ Буш во Фокс Њуз ги нарекоа претседателските избори во 2000 и порано го прогласија Буш за победник. Подоцна филмот сугестира дека гласањето во Флорида предизвика изборен фалсификат.
Филмот потоа покажува сцени од терористичките напади од 11 септември, и екранот се зацрнува и се слуша само звукот кој го илустрира хаосот на тој ден. Филмот продолжува со сцените од очевидците, преживеаните, и рушевините од светскиот трговски центар. Мур забележува дека Буш беше информиран кога првиот авион го погоди светскиот трговски центар на неговиот пат до елементарното училиште кое го посетил. Буш тогаш е сниман како седи во училница во Флорида со деца.Кога дознал дека втор авион удрил во СТЦ и дека нацијата е под напад Буш продолжува да чита со децата, и Мур забележува дека тој го продолжил тоа скоро седум минути.
Филмот потоа дискутира причините и последиците по терористичките напади, вклучувајќи ја и инвазијата врз Ирак. Мур потоа ги дискутира комплексните втски помеѓу Американската влада, фамилијата на Буш, фамилијата на Бин Ладен, владата на Саудиска Арабија , и талибанците, која траела три децении. Мур признава дека Американската влада ги евакуирала 24 членови на семејството на Бин Ладен на таен лет по нападите, без никакво испитување. Во тоа време, сите локални и меѓународни цивилни летови во САД биле суспендирани.
Мур подоцна ги испитува податоците за воениот рок на Џорџ Буш. Мур објаснува дека компанијата на Буш била делумно финансирана од Саудијците и од фамилијата на бин Ладен преку преговарање со Џејмс Р Бат. Мур кажува дека овие конфликти на интереси сугестираат дека Бушовата администрација не работи за најдобрите интереси на Американците. Филмот продолжува сугестирајќи неколку мотиви и причини за војната во Авганистан, вклучувајќи и изградба на гасовод преку Авганистан до Индискиот Океан.
Мур кажува дека Бушовата администрација предизвика клима на страв меѓу Американското население преку медиумите. Мур потоа ги опишува анти терористичките активности, вклучувајќи владина инфилтрација во пацифистичките групи и други настани, и потпишувањето на Американскиот Патриотски Закон, кој ја зголемува моќта на владата. Откако ќе пронајде дека членовите од Конгресот не ги читаат повеќето закони за кои треба да гласаат, вклучувајќи го и Американскиот Патриотски Акт, Мур вози низ Вашингтон, во камион за сладолед, користејќи микрофон за да му го прочита Американскиот Патриотски Акт на Конгресмените.
Подоцна документарецот ја истражува причината за Ирачката војна, споредувајќи ги животите на Ирачаните пред и после инвазијата. Граѓаните на Ирак се прикажани како живеат релативно среќни животи пред инвазијата на државата од страна на Американската војска. Филмот исто така прикажува навивањата на Американските медиуми и новинарите, со цитати од информативните агенции и новинари. Филмот потоа го покажува Бушовиот момент од "Завршена мисија" на бродот Абрахам Линколн. Филмот покажува репорти од медиумите за зголемените жртви во Ирак и коментарот на Буш "Bring 'em on", во врска со Ирачките терористи.
Филмот тогаш го врти вниманието кон родниот град на Мур, Флинт во Мичиген. Економско погодението град со ниски плати беа жртви на воените регрути. Регрутерот со име Рејмонд Плухар е претставен (кој подоцна беше убиен во Ирак), каде тој и еден друг воен регрутант ги прашуваат младите луѓе за да се придружат во армијата. Филмот ја претставува Лила Липскомб, жена претставена како горда мајка на Американски војник. Таа је искажува својот јак патриотизам и поддршка за мажите и жените во униформа. Мур сугестира дека, поради тоа што војната беше заснована врз лага, ќе има гревови, покажувајќи снимки од затворот Абу Греиб и малтретирањето на затворениците од страна на Американската Армија.
Подоцна во филмот, Липскомб повторно се појавува со нејзината фамилија откако ќе слушне за смртта на нејзиниот син Мајкл Педерсон, кој беше убиен на 2 Април 2003 во Карбала. Запрепастена и со солзи, таа почнува да се прашува за причината за војната. Поради ова Мур беше уморен да ги гледа луѓето како Лила Липскомб да страдаат, и по откривањето дека само еден член од Конгресот има дете кое служи во Ирак, тој ги дистрибуира формите за упис во армијата, до неколку членови на Конресот и му сугестира и тие да ги пријават нивните деца.
Поврзувајќи заедно неколку теми и поенти, Мур ги пофалува оние кои служат во Американската војска. Тој тврди дека ниската класа на Америка е секогаш прва во армијата и да ја бранат нацијата, така да луѓето подобро и не требаат. Тој вели дека тие вредни трупи не би требало да бидат испратени и да ги ризикуваат нивните животи освен ако не е апсолутно потребно.Филмот завршува со клип од Буш.
Наводи
уреди- ↑ http://www.boxofficemojo.com/movies/?id=fahrenheit911.htm
- ↑ Documentary - Political Movies, Box Office Mojo, 1982-Present.
- ↑ „Festival de Cannes: Fahrenheit 9/11“. festival-cannes.com. Архивирано од изворникот на 2012-01-18. Посетено на 2009-11-30.
- ↑
- Fahrenheit 9/11 на Box Office Mojo; in nominal dollars, from 1982 to the present
- ↑ Fahrenheit 9/11 burns records on debut day Архивирано на 16 февруари 2008 г. October 7, 2004
- ↑ Fleming, Michael (March 27, 2003). „Moore tools up for another furor“. Variety.
- ↑ Fleming, Michael (May 8, 2003). „Moore's hot-potato '911' docu loses an Icon“. Variety.