Фана
Фана (англиски и сонсоролски: Fanna) е мал остров во сојузната држава Сонсорол во Палау.
Fanna | |
---|---|
Сателитска снимка на Фана (северниот остров). | |
Географија | |
Архипелаг | Југозападни Палауански Острови |
Површина | 0,5 км2 |
Највисоко место | н.п. м |
Држава | |
Сонсорол | |
Демографија | |
Население | 0 (2018) |
Географија
уредиФана е мал остров, дел од групата на Југозападни Палуански Острови. Вкупната површина на островот е 0,5 км2. Денес овој остров не е населен поради евакуацијата за време на тајфунот од 2012 година. На островот има напуштено село.
Островот е прекриен со густа шума и на бреговите има плажи. Целиот остров е опколен од корален гребен.
Островот Сонсорол е на 2 км оддалеченост од Фана.
Историја
уредиПрвите европски записи за островот датираат од ноември 1710 година. Тогаш на островот пристигнала шпанската мисионерска експедиција под раководство на Франсиско Падилја.[1]
Галерија
уреди-
Поглед кон Фана.
-
Вегетација на Фана.
-
Плажа на Фана.
Наводи
уреди- ↑ Rienzi, M.L. Historia de la Oceanía, o quinta parte del mundo, Barcelona, 1845-1846, vol.2, p.78