Сонсорол (англиски и сонсоролски: Sonsorol) е мал остров во сојузната држава Сонсорол во Палау. На островот се наоѓа единственото село или населено место во сојузната држава- Донгосаро. Сонсорол денес е единствен населен остров во оваа сојузна држава.

Сонсорол
Sonsorol
Сателитска снимка на Сонсорол (јужниот остров).
Географија
АрхипелагЈугозападни Палауански Острови
Површина1,31 км2
Највисоко местон.п. м
Држава
Сонсорол
Демографија
Население42 (2014)

Географија

уреди

Сонсорол е мал остров, дел од групата на Југозападни Палуански Острови. Вкупната површина на островот е 1,331 км2, но е најголем во сојузната држава. Островот Сонсорол, или познат и како Донгосаро, е главниот остров во сојузната држава и единствен населен. Островот е опкружен со корален гребен на оддалеченост од 160 до 480 метри од брегот. Сонсорол е оддалечен од Фана 1.6 км. Сонсорол е долг 2 км во правец југ-север, а широк 890 метри. На островот се наоѓа единственото населено село во сојузната држава - Донгосаро, кое воедно служи и како главен град. Селото се наоѓа на западниот брег. Островот има густа шума од кокосови палми. Се верува дека Сонсорол можеби е првиот остров во Палау на кој пристигнале Европејците. По катастрофата со тајфунот „Бофа“, владата планира изградба на островот и изградба на мало пристаниште.

Островот Сонсорол е на 2 км оддалеченост од Фана.

Историја

уреди

Европејците кога истражувале прво ги „откриле“ Фана и Сонсорол со бродот шпанскиот „Тринидад“, под команда на Гонсало Гомес де Еспиноза на 6 мај 1522 година.[1][2] Двата острова биле означени на карта со заедничкото име „Острови Сан Хуан“ („Свети Јован“) бидејќи пристигнале на истоимениот празник. Подоцна, шпанска мисионерска експедиција под команда на Франсиско Падилја пристигнала на Сонсорол на 30 ноември 1710 година, која пак патувала од Манила. Во 1712 година островите биле истражени и од Шпанецот Бернардо де Егој[3]

Во декември 2012 година државата била погодена од тајфунор „Бофа“. Луѓето биле евакуирани во Акебесанг во Корор. Имало 37 лица од Сонсорол, 19 од Пуло Ана и 2 од Мерир. По неколку месеци, поради одлука на владата, само Сонсорол бил поврорно населен. 42 се вратиле на Сонсорол.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Brand, Donald D. The Pacific Basin: A History of its Geographical Explorations The American Geographical Society, New York, 1967, p.119.
  2. Sharp, Andrew The discovery of the Pacific Islands Oxford, 1960, p.10.
  3. Coello, Francisco "Conflicto hispano-alemán" Boletín de Sociedad Geográfica de Madrid, t.XIX. 2º semestre 1885, Madrid, p.247

Поврзано

уреди