Фактор на раст сличен на инсулин
Факторите на раст слични на инсулин (IGFs) се белковини со висока сличност на низата на инсулинот. IGFs се дел од комплексен систем со кој клетките комуницираат со нивната физиолошка средина. Овој комплексен систем (често нарекуван IGF „оска“) се состои од два рецептори на клеточната површина (IGF1R и IGF2R), два лиганди (фактор на раст сличен на инсулин 1 (IGF-1) и фактор на раст сличен на инсулин 2 (IGF-2)), фамилија од седум IGF-врзувачки белковини со висок афинитет (IGFBP1 до IGFBP7), како и поврзаните IGFBP деградирачки ензими.
IGF1/GH оска
уредиIGF „оската“ често се нарекува хормон за раст/IGF-1 оска. Факторот на раст сличен на инсулин 1 (IGF-1) главно се секретира од црниот дроб како резултат на стимулација од хормонот за раст (GH). IGF-1 е важен за регулација на нормалната физиологија, како и на голем број патолошки состојби, вклучувајќи и канцер. IGF оската учествува во клеточната пролиферација и инхибиција на клеточната смрт (апоптоза).