„Училишен театар“ — пиеси за деца од македонскиот писател Киро Донев. Книгата е објавена во 2016 година, а 2020 доживува и второ издание.[1]

Училишен театар
АвторКиро Донев
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрпиеси
Издадена
2016
Медиумпечатено издание

Содржина

уреди

Во книгата се внесени 36 куси пиеси за сценска изведба. Тематски се делат на пиеси за детската игра, пиеси за празнични денови, како на пример за Денот на мајката, Велигден, Нова година, Ден на татковината, училишни теми, теми со природата, сообраќајот и сл.

Осврт кон делото

уреди

Оваа книга е еден „тематски мозаик од куси драмски текстови во коишто до израз доаѓаат искуството и богатата творечка фантазија на авторот, на чии крилја детските желби и соништа си ја наоѓаат вистинската „земја на соништата“. Пиесите се тематски од животот на современото дете: домот, училиштето. улицата, детската игра, природата...“- се наведува во поговорот на второто издание. Покрај главните јунаци- децата во пиесите се оживотворуваат и се очовечуваат животните и растенијата, птиците, инсектите и други мали и големи нешта од секојдневието, кои возрасните ги занемаруваат, а се важна алка за создавање баланс во природата.

Преку кусите игриви и динамични драмски ремек-дела, авторот укажува и покажува што може да се прави, што е добро и што е лошо. Кај него нема отворено подучување, мерката е умерена и со одредена доза на хумор. Моралната поука се подразбира и се чита меѓу редовите.

Пиесите претставуваат значаен извор на материјали за ученичките драмски секции во училиштата на кои често им недостасува ваков тип на четива за драмско прикажување и изразување на најмладите.[2]

Наводи

уреди
  1. Киро Донев, Училишен театар:пиеса за деца- второ издание-Скопје: Македонска литера, 2020
  2. Киро Донев, Училишен театар:пиеса за деца- второ издание-Скопје: Македонска литера, 2020