Универзитет за странски јазици Хангук

Универзитетот за странски јазици Хангук (корејски: 한국 외국어 대학, англиски: Hankuk University of Foreign Studies (HUFS )) е еден од водечките универзитети во Република Кореја.

Универзитетот за странски јазици Хангук
한국 외국어 대학교

Универзитетот Хангук е постојано рангиран меѓу најпрестижните високообразовни институции во Кореја, а особено рангиран е на врвот во областа на странските јазици. Во 2007 г., универзитетот Хангук освои третото место меѓу сите корејски универзитети на Индексот за задоволство на националните клиенти и беше втор во однос на интернационализација две години по ред во рангирањето на универзитети на весникот Чунганг Илбо (корејски: 중앙일, англиски: JoongAng Ilbo). Според евалуацијата, во 2008 г. универзитетот исто така е рангиран втор за истражување, факултет, репутација и застапеност на алумни меѓу универзитетите без медицински факултет. Универзитетот Хангук е рангиран како најдобар корејски универзитет во однос на глобализацијата во Светското рангирање на универзитети на „Квакварели Симондс“ (Quacquarelli Сајмондс) во 2010 г.

Многу од претходните и сегашните корејски дипломати и амбасадори имаат дипломирано на Универзитетот Хангук. На универзитетот исто така се наоѓа еден од водечките факултети за толкување и преведување во светот и ја должи, во голема мера, својата силна репутација на застапеноста на 45 јазични катедри, што е трет најголем број во светот. Универзитетот Хангук, исто така има најдобар углед во областа на меѓународните студии, дипломатија, надворешни работи и трговија, радиодифузија и мас-медиуми.