Унарна операцијаматематичка операција која прифаќа само еден параметар (латински: unum, еден).

Математички унарни оператори

уреди

Во математиката, во унарни оператори спаѓаат:

Оператор Запис Значење
- -x промена на знакот на операндот
! x! факториел
! !x лев факториел
    квадратен корен
    апсолутна вредност
ln ln x природен логаритам
log10 log10x логаритам за основа десет
e ex антилогаритам
¬ ¬x логичка негација
тригонометриски функции

Програмирање

уреди

Во програмирањето сите математички унарни операции имаат свој еквивалент, а постојат и некои додатни:

  • ++ (инкрементирање) – го зголемува операндот за 1
  • -- (декрементирање) – го намалува операндот за 1
  • & (референцирање) – ја враќа адресата на променливата или служи за правење алијас на променливата
  • * (дереференцирање) – ја враќа променливата чија адреса е дадена
  • ~ (бинарен комплемент) – ги заменува нулите во променливата со единици и обратно, се користи за запис на негативни броеви

Поврзано

уреди