Траги (филм од 2017)
(Пренасочено од Улов (филм))
„Траги“ (Полски: Pokot) – филм на режисерката Агнишка Холанд (Agnieszka Holland) од 2017 година. Автори и на сценариото се Холанд и Олга Токарчук (Olga Tokarczuk), а главните улоги ги играат: Агнишка Мандат (Agnieszka Mandat), Виктор Зборовски (Wiktor Zborowski) и Јакуб Гиршал (Jakub Gierszal). На Берлинскиот филмски фестивал, филмот ја освоил наградата „Алфред Бауер“ („Сребрената мечка“).[1]
Синопсис
уредиПостарата жена Јанина Душејко живее сама во долината Клоѕко во која се случиле неколку неразјаснети убиства. Душејка е убедена дека знае кој е убиецот, но никој не ѝ верува...