Уликс (музичка група)
Уликс | |
---|---|
Потекло | Скопје, Македонија |
Жанрови | симфо-рок |
Период на активност | 1983-1985 |
Членови | |
Јовко Јовковсик Златко Сименов | |
Поранешни членови | |
Валентино Скендеровски-Тино Ристо-Ицо Јовковски Зоран Спасовски |
Историја
уредиКон крајот на 1983 година, браќата Јовковски,[1] Јовко и Ристо-Ицо, гитара и бас, интензивно се обидувале да најдат тапанар за да се придружи на нивниот бенд во формирање. При една случајна средба, во бендот ќе биде поканет шеснаесетгодишникот со бендовско искуство, Зоран Спасовски (екс Flesh). Откако ќе им се придружи, за кратко време, ќе се комплетира и остатокот од бендот. Игор Јордановски ќе биде пејач, а Валентино Скендеровски-Тино (екс Кикс) ќе застане зад клавијатурите. Почетното копирање на „Pink Floyd", набргу ќе биде заменето со фасцинацијата од симфо-рокот, односно од ,,Yes". Во есента, наредната година. Зоки ќе премине во Берза, а неговото столче зад тапаните ќе го заземе Златко Симеонов. Својот прв посериозен концерт, бендот ќе го има на 22 февруари 1985 година, во Домот на младите ,,25 Мај", како предгрупа на белградската ,,Аеродром", и во придружба на придружните вокали Луција Поповска, Анета Маневска и Јасна Шоптрајанова. Дваесетина дена потоа, членовите ќе влезат во студиото ,,М-2°” на РТС за да ги снимат Епизода бр. 2 и Сизиф. На инсистирање на снимателот во РТС, тапаните ќе ги изудира, тогаш студискиот музичар, Павел Ренџов. Во тој период Уликс е веќе модерен бенд со освежен њу вејф звук, налик на ,,Stranglers". Крајот на годината, во кариерата на Уликс ќе биде одбележан со неколку гостувања во ТВ-емисии, како и со учество во снимањето на Новогодишната програма на РТС. Наредната година, на 5.11.1985, Уликс ќе има не многу забележително учество на четвртиот рок фест. Неколку дена по тој настап, Тино ќе настапи и со групата Берза, по што ќе продолжи да настапува само со неа. Само еден месец потоа, и Ицо ќе ги напушти останатите членови, за да премине во групата Меморија. Уликс и официјално ќе престане да постои.
Наводи
уреди- ↑ Филиповски, Тошо (2018). Македонска Рок Енциклопедија. Скопје: Корпус Деликти Рекордс, Тошо Филиповски. стр. 377.