Убавата венчавка
„Убавата венчавка“ (француски: Le Beau Mariage) — француски филм од 1982 година, во режија на Ерик Ромер (Éric Rohmer), кој е и автор на сценариото. Главните улоги ги играат: Беатрис Роман (Béatrice Romand), Андре Дусолје (André Dussollier) и Феодор Аткин (Féodor Atkine). За својата улога, Беатрис Роман ја освоила наградата „Злтен феникс“ за најдобра глумица, а Ерик Ромер бил номиниран за наградата „Златен лав“ на Венецијанскиот филмски фестивал.[1]
Содржина
уредиСабин си дава завет дека ќе се откаже од врските со оженети љубовници, па започнува потрага по добар маж. Нејзината најдобра пријателка Кларис ја запознава со својто братучед Едмон, адвокат од Париз. Сабин се обидува да го заведе Едмон, со голема поддршка од Кларис, но Едмон не е многу заинтересиран...