Туристичко одредиште

Туристичко одредиште или туристичка дестинација — место (одморалиште во природата или културно подрачје) кое е значително во областа на туризмот и е посетувано од туристи, бидејќи нуди широк спектар на туристички атракции .

Бора Бора е едно од најпознатите туристички одредишта во светот.

Постои голема разлика во дефинирањето на туристичкото одредиште. Некои од дефинициите кои најблизок начин го објаснуваат концептот на туристичко одредиште се:

  • Определена тесна или поширока просторна единица во која се реализира туристичкиот сообраќај, а целата може да биде секое место каде што има туристички објекти, како и секој регион каде што се сместени неколку туристички центри.
  • Комплекс на разни рекреативни и социјални содржини сместени во едно место.
  • Одредиштето може да биде место за одмор или деловен центар што го посетуваат туристите и каде што престојуваат. Може да биде една област или дури и земја во која тие патуваат. Исто така може да биде и брод за крстарење кој носи повеќе пристаништа. Најефективната е да се постават едно или повеќе места во кои доаѓаат и остануваат туристите, а кои се главната цел на нивното движење.

Туристичко место

уреди

Со текот на времето, туристите стануваат потрошувачи кои се подготвени да платат за клима, природни и други убавини, како и задоволување на нивните желби и навики. Како резултат на одразот на овие нови односи, создадени од туризмот, се појавуваат туристички места. Овие места се создаваат таму каде што има големи концентрации на гости. Во овие населби се воведени објекти кои ќе им обезбедат на туристите удобен престој, како што се паркови, шеталишта, сали, казина, музика и други културни забави. Воведени се услуги за најдобар прием на гости, како што се информациски услуги, локален превоз, превозници.

Поврзано

уреди