Турбе на Гази Баба
турбе во Скопје, Македонија
Турбето на Гази Баба се наоѓа на истоимениот рид во Скопје. Во него бил погребан Ашик Челеби, познат турски поет кој во својство на кадија го поминал остатокот од својот живот во Скопје, каде што и умрел во 1571 година.
Турбето Гази Баба е затворена осмострана куполеста градба. Изградено е од тула, а неговата надворешност е малтерисана.
За време на земјотресот од 1963 година објектот бил прилично оштетен. Денес турбето е реконструирано.