Тузенбрудер е драмска ТВ-серија на шведската телевизија во три сезони, од 2002 година (сезона 1), 2003 година (сезона 2) и 2006 година (сезона 3). Третиот дел од серијата првпат бил издаден на 10 март 2006 година, монтиран како еден филм, за подоцна да биде прикажан на ТВ како подолга серија.

Приказна уреди

Сезона 1 уреди

Главниот лик на серијата Тузенбрудер е Хофа (Ола Рапаче), кој живее средна класа со сопругата и децата во предградие на Стокхолм. Хофа има свој мал бизнис заедно со неговите најдобри пријатели, Никлас (Шанти Рони) и Хамид (Данило Бејарано). Но, бизнисот оди бавно и тие се во долгови. Прво позајмуваат пари од локалната мафија, а кога не можат да им ги вратат, ја разбираат опасноста во која се и затоа решаваат да ограбат банка.

Сезона 2 уреди

Хофа сега одлежува затворска казна за ограбувањето. Тој знае дека неговата сопруга Анели (Ања Лундквист) поминува се повеќе и повеќе време со соседот Патрик (Магнус Крепер), а Хофа е загрижен дека ќе го остави за Патрик. Во затвор Хофа се спријателува со Петер (Јакоб Еклунд) и направија план како да избегаат. Откако ќе излезе од затвор, Петер станува ментално нестабилен без неговите лекови и почнува да убива луѓе. Петер на крајот е фатен од полицијата, но тој го обвинил Хофа за сите убиства. Хофа украл чамец и тргаал накај Балтичкото Море, каде што чамецот тоне во бура.

Сезона 3 уреди

Сите претпоставуваат дека Хофа е мртов, и неговата сопруга се омажи за Патрик. Но, Хофа е жив и тој плови на брегот во Естонија и е примен од едно семејство таму. Хофа има врска со жената во семејството и нејзиниот сопруг дознава, но му простува на Хофа кога тој ја спасил неговата мала ќерка од давење. Хофа одлучува дека сака да се врати во Шведска и користи лажен пасош, но полицијата набрзо дознава дека тој повторно се појавил. Во меѓувреме бракот на Анели и Патрик почнува да се распаѓа.

Улоги уреди

  • Ола Рапаче како Хофа
  • Ања Лундквист како Анели, сопруга на Хофа
  • Бисе Унгер како Макс, детето на Хофа
  • Данило Бејарано како Хамид
  • Шанти Рони како Никлас
  • Џејкоб Ериксон како Томи
  • Јакоб Еклунд како Петер
  • Магнус Крепер како Патрик
  • Иван Матијас Петерсон како Тобијас

Надворешни врски уреди