Бугарска Чука

(Пренасочено од Туглаш)

Бугарска Чука или Туглаш — врв на планината Галичица со висина од 1.801 м. Врвот се наоѓа источно од селото Пештани и југозападно од градот Охрид.[1]

Бугарска Чука
Бугарска Чука на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.1.801 м
Координати41°00′14.9″N 20°50′47.2″E / 41.004139° СГШ; 20.846444° ИГД / 41.004139; 20.846444
Географија
Матичен венецГаличица
Искачување
Прво освојувањенепознато

Историја

уреди

Врвот го добил името по распоредот на војските за време на Првата светска војна, каде што се протегала линијата на Солунскиот фронт. Веднаш зад чуката се гледа врвот Магаро, кој е највисоката точка на планината Галичица, со 2.275 m надморска височина.

На Бугарска Чука сè уште има остатоци од воените дејства од времето на Првата светска војна како ровови, шлемови и пушки. За време на пожарот од 2007 година експлодирале заостанати гранати.

Бугарска Чука е највисокиот врв во овој дел на планината Галичица, од кој има можност за истовремен поглед кон Охридското и Преспанското Езеро.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Петрушевски, Илија. (2012). Попис на врвовите во Република Македонија. Скопје. стр. 19.