Тропизам е биолошки феномен, укажувајќи на раст или движење на жив организам, најчесто растение, кое е предизвикано од надворешна дразба. Некои дразби предизвикуваат позитивен,а некои негативен тропизам. Движење кон изворот да дразбата се нарекува позитивен тропизам. Движење со кое се одбегнува дразбата е наречено негативен тропизам.

Пример за фототропизам кај една мала орхидеја (Phalaenopsis): листовите и цветовите растат во насока кон светлината.

Движењата се бавни и се забележуваат како растење во променета насока но, не му овозможуваат на растанието да се премести во друго живеалиште. Растенијата со движења реагираат на извори на дразби: светлина, вода, допир, привлечната сила на Земјата, темнина и др.

Тропизам е движење на растенијата предизвикано од надворешната средина . Позитивен тропизам е движење кон изворот на дразбата , но растенијата не го менуваат своето живеалиште , а како пример за позитивен тропизам е сончогледот којшто со помош на неговото стебло се движи во ротација на исток _ запад . На исток сончогледот се движи за време на изгреј сонце , а на запад се движи за време на зајди сонце .

Негативен тропизам е тропизам каде што се одбегнува движењето кон изворот на дразбата . Пример при допир на листовите кај мимозата и муволовката се затвораат листовите . Мимоза ( латински : Acacia Dealbata ) е вид на радтение и припаѓа во родот акција ( Acacia ) , на кој припаѓаат 40 родови со 1.500 разни тропски и суптропски врсти на мимоза .

Муволовката е инсектојадно , месојадно растение . Како на пример ситните мали црвчиња во потрага на храна ќе се доближат до листот на муволовката мислејќи дека нешто убаво мириса , а всушшност тоа е муволовката којашто ги затвора листовите и се исхранува со помош на ситни инсекти и некој мали врсти од групата на месојадци .