Трникова пеперуга
Трниковата пеперуга (Satyrium spini) е пеперуга од семејството на Сивци, од видот опашкари.[1] Пеперугата ја има и во Македонија.
Трникова пеперуга | |
---|---|
Трникова пеперуга, долен дел | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Satyrium |
Вид: | Трникова пеперуга |
Научен назив | |
Satyrium spini (Schiffermüller, 1775) | |
Синоними | |
|
Подвидови
уредиПодвидови на пеперугата се::[1]
- Satyrium spini spini – јужна и средна Европа
- Satyrium spini melantho (Klug, 1834) – Кавказ
Распространетост
уредиПеперугата ја има во јужна и средна Европа, Мала Азија, Блискиот Исток и Урал. Ја нема во Италија и средоземните острови.[1][2] Таа живее на отворени предели со грмушести растенија, планински ливади до 2000 метри надморска висина.[3]
Опис
уредиРаспонот на крилјата на пеперугата е од 14 до 16 мм кај мажјаците, и 15 до 17 мм кај женките. Основата боја на горната страна е кафеавкаста, додека долната страна е жолтеникава. Кај женките на краевите има портокалови дамки. Долната страна има голема сина дамка и неколку портокалови точки. Има присуство на мали опашки.[3][4][5]
Биологија
уредиПеперугата има една генерација годишно.[6] Возраснуите летаат од мај до август, во зависност од локацијата.[7] Гасениците се хранат со растенијата: Rhamnus, Prunus, Frangula alnus, Frangula daurica, Sorbus и Malus.[1]
Галерија
уреди-
Трникова пеперуга, мажјак и женка
-
Трникова пеперуга, примероци
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 "Satyrium Scudder, 1876" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms
- ↑ „Fauna europaea“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2020-03-06.
- ↑ 3,0 3,1 Matt Rowlings Euro Butterflies
- ↑ Nature Guide
- ↑ Butterflies and Moths DK Pocket Nature
- ↑ First Nature
- ↑ „Learn about Butterflies“. Архивирано од изворникот на 2011-11-05. Посетено на 2020-03-06.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Paolo Mazzei, Daniel Morel, Raniero Panfili Молци и пеперутки во Европа и Северна Африка
- Lepiforum
- Schmetterling-raupe.de