Три деца – слика од Никола Мартиноски. Сликата е масло на платно, завршена во 1957 година со димензии 45 х 30 см и се наоѓа во Народниот музеј во Битола.

Три деца
Творец Никола Мартиноски
Година 1957
Димензии 45 см × 30 см
Место Народен музеј - Битола, Битола

Опис

уреди

На сликата се претставени – три деца, на возраст од десетина години. Во долната половина на сликата се претставени две деца – девојчиња, лево е девојче кое е свртено кон нас. Косата и е темна со две плетенки кои и паѓаат до рамото. Во рацете држи тотба, која и е припиена до левата нога и потпрена на земја. Боса е. Облеклото ѝ е скромно и сиромашно, износено. Десно е друго девојче кое исто така седи, полусвртено кон десно. На главата има лесна платнена шарпа, исто така со скромни и износени алишта. Свртена е кон нас, тажно, замислено, несреќно. Во средината на сликата, меѓу двете девојчиња и во висина до крајниот горен дел на сликата е насликано момче кое седи на столче. Повисоко е од девојчињата и тоа е свртено кон нас и тоа е облечено скромно, со износени алишта. Трите деца на сликата се тивки, замислени, тажни гладни, сиромашни.[1]

Во овој период Мартиноски многу често создавал слики со слични мотиви: деца односно девојчиња и момчиња, млади мајки со бебиња, кои се тажни, сиромашни и кои живеат тешко, борејќи се за елементарно преживување и егзистенција. Ваквиот начин на сликање е познат како социјално, ангажирано сликарство, авторот со целата своја љубов кон луѓето, се бори преку творештвото за неправдите во општеството, сиромаштијата, осаменоста, напуштеноста. Мартиноски ова го прави со брзи потези, со елементарен цртеж, настојувајќи да го претстави пред сè ликот на луѓето – тажен, понижен, обесправен и осиромашен.[1]

Наводи

уреди