Трицикличен антидепресив
(Пренасочено од Трициклични антидепресиви)
Трицикличните антидепресиви (ТЦА) се хемиски соединенија кои во прв ред се користат како антидепресиви. ТЦА првпат биле откриени во раните 1950-ти и пласирани на пазарот подоцна во истата деценија.[1] Наречени се според нивната хемиска структура, која содржи три прстени на атоми. Тетрациклични антидепресиви (ТеЦА), се сродна група на антидепресивни соединенија, кои содржат четири прстени на атоми.
Трицикличен антидепресив | |
---|---|
Класа на лек | |
Хемиската структура на прототипскиот и првиот трицикличен антидепресив на пазарот, имипрамин. Можат да се забележат трите прстени. | |
Надворешни врски | |
MeSH | D000929 |
Список на ТЦА
уредиТЦА кои предимно го инхибираат репреземањето на серотонин (10 пати повеќе од она на норепинефрин):
- Бутриптилин† (Evadyne) (релативно слаб инхибитор на репреземањето на серотонин)
- Кломипрамин (Anafranil)
- Имипрамин (Tofranil, Janimine, Praminil)
- Тримипрамин (Surmontil) (релативно слаб инхибитор на репреземањето на серотонин)
ТЦА кои предимно го инхибираат репреземањето на норепинефрин (10 пати повеќе од она на серотонин):
- Десипрамин (Norpramin, Pertofrane)
- Дибензепин‡ (Noveril, Victoril)
- Лофепрамин§ (Lomont, Gamanil)
- Мапротилин (Ludiomil) – може да се класифицира како ТЦА но почесто е класифициран како ТеЦА
- Нортриптилин (Pamelor, Aventyl, Norpress)
- Протриптилин (Vivactil)
Наводи
уреди- ↑ Carson VB (2000). Mental health nursing: the nurse-patient journey W.B. Saunders. ISBN 978-0-7216-8053-8. pp. 423