Трајче Шипинкоски

Трајче Орданов Шипинкоски (15 мај 1907 во Бела Црква, прилепско — 15 септември 1944 во Ивањевци, битолско) — македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис

уреди

Трајче Орданов Шипинкоски е роден на 15 мај 1907 година, во селото Бела Црква. По занимање бил земјоделец. Кон НОБ се приклучил на 27 август 1944 година. Бил борец во составот на петтата македонска бригада. Учествувал во борбата против германците кај селото Ивањевци, каде на 15 септември 1944 година и загинал.[1]

Наводи

уреди
  1. . . Милош Константинов, Тодорка Спанкова (1958). Зборник на паднатите борци во народноослободителната борба од битолската околија. Битола. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)