Трајна шминка

(Пренасочено од Трајна Шминка)

Трајна шминка е козметичка техника која користи тетоважи (трајна пигментација на дермисот) како средства за добивање на дизајни кои ја заменуваат шминката, како што се отцртување на очите и други трајни зајакнувања на бојата на кожатана лицето, усните и очните капаци.Се користи и за добивање на вештачки веѓи, особено кај луѓе кои ги загубиле своите како последица на старост, болести како што е анорексија, хемотерапија или генетско пореметување и за да се прикријат лузни и бели дамки на кожата како тие на витилиго (болест во која се губи бојата на кожата).Исто така се користи и за оздравување или зајакнување на градната ореола, на пример по операција на градите.

Најчесто се нарекува трајна козметика но се нарекува и дермапигментација, микропигментација и козметичко тетовирање, од кое најсоодветно е последното откога трајната шминка е всушност тетовирање.Во Америка и други земји, мастилата кои се користат во трајната шминка и пигментите во овие мастила се предмет на ААХЛ или слични агенции за регулирање на козметички и бојни додатоци.

Трајна шминка -Пред, веднаш по, и крајниот резлутат од процедурата на нанесување на трајна шминка на веѓи,трајна шминка молив за очи трајна шминка на усни

Правила и надзор

уреди

Правилата за трајна шминка варираат од земја до земја, понекогаш од државата, областа, земјата или пак од град до град. Додека во повеќето области тоа спаѓа под надлежност на Одделот за здравство, во Америка на пример Државниот совет за козметика е најчесто надлежната агенција.Всушност, во многу области се бара лиценца за козметика или естетика додека во други области на козметичарите им е забрането да ги изведуваат овие процедури.Единствено во Австралија на лекарите им е забрането да ги рекламираат овие методи како „трајни“ откако е општо познато дека тетоважите ќе исчезнат со тек на време и нивното мислење е дека „… придобивките од козметичкото тетовирање не се трајни и дека обично траат од три о пет години“.Намерата на дејствувањето на АККК беше да се извести јавноста на потрошувачите за фактот дека може да бидат потребни допири за да се заддржи оптималниот изглед.Некои веруваат дека овој став не е во согласност со фактот дека трајната шминка е тетовирање и дека тетовирањето е траен процес.

Пред да се претрпи какво било козметичко тетовирање, важно е да се осигура дека салонот ги има соодветните одобрувања од нивните локални власти за здравство во процедурите на пенетрација на кожата.Важно е да се забележи дека само затоа ако салонот ги има локалните одобрувања за општи услуги и терапии за убавина не мора да значи дека ги има одобрувањата за процедурите на козметичко тетовирање, мудро е да се инсистира да се види сертификатот за регистрација.

Услугите за мобилно тетовирање (во домовите) може да биде непочитување на Упатството за здравство на некои локации, на пример во Мелбурн, Австралија е забрането да се даваат услуги за мобилно тетовирање.

Историја

уреди

Трајната шминка потекнува најмалку од почетокот на 20-от век, иако нејзината природа била запечатена во нејзините рани почетоци.Тетовирачот Џорџ Бурчет, главен развивач на техниката кога се работи за модата во 1930-те, раскажува во своите мемоари како салоните за убавина тетовирале многу жени без нивно знаење нудејќи им го тетовирањето како „третман за тен на кожата...со вбризгување на растителни бои на горниот слој на кожата“.

Резултати

уреди

Моментални резултати

уреди

Резултати од трајна шминка во подобрени црти на лице – се прави обликување на веѓи, очи и усни со употреба на боја.Резлутатите можат да бидат имитација на врвна козметика или да бидат незабележителни во завосност од дизајнот, светлината на бојата и количината на употребениот пигмент.

На прв поглед резултатите од трајната шминка може да изгледаат грубо.Тоа е на почетокот поради остатоткот на боја на најодалечените слоеви на кожата.Изгледот на бојата е понежен за неколку дена за време на процесот на заздравување додека горните слоеви на епидермисот заздравуваат и се заменуваат со нови епидермални клетки.

Долготрајни резлутати

уреди

Најдобрите можни резлутати за боја можат да траат неколку години или можат да почнат да исчезнуваат по некое време.Времето на траење зависи од секој поединец посебно.Додека пигментот на трајната шминка останува во дермисот, неговиот распон на убавина може да има влијание од неколку можни фактори.Тие можат да бидат од животната средина, процедури и/или поединечни фактори.Изложеноста на сонце ја избледува бојата.Количината и пигментот на бојата што се внесува во дермисот може да влијаат на должината на траење на најдобриот изглед на трајната шминка.Поради оваа причина апликациите со природен изглед бараат подготвување пред подраматичните .Некои влијанија вклучуваат животен стил на поединци кои се редовно на сонце како што е градинарство или пливање. Тенот на кожата е фактор кој влијае на промената на бојата со тек на времето.

Несовршености

уреди

За повеќето корисници трајната шминка добредојден додаток.Но постојат и случаи со несакани резлутати.Четирите најчести жалби се „премногу темно“, „погрешна боја“,„ нерамноерно“ и „премногу големо“.Вешт,искусен професионалец за трајна шминка е способен во повеќето случаи да ги прилагоди бојата и нерамномерноста од трајната шминка.Дизајн кој е преголем е сериозен предизвик.Единствени решенија можат да бидат скапи техники за избледување на пигментот и/или отстранување.

Сепак, пред да се одлучите за гореспоменатите процедури за отстранување/исправка, треба да забележите дека сè уште ја имате опцијата за нанесување на традиционална шминка за да корегирате какви било несовршености или за да го зајакнете целокупниот ефект.

Отстранување

уреди

Како што е случајот со тетоважите, и трајната шминка може да биде тешка за остранување.Најчестите техники кои се применуваат се ласерско отрстранување, гребење на кожата (физичка или хемиска ексфолијација), и отстранување со операција.Маскирањето- додавање на нов пигмент кој има против дејство на бојата на тетоважата и се обидува да емулира нормална боја на кожата, професионалците го сметаат за не толку добар избор.Отстранувањето е многу по болно и макотрпно од самото тетовирање.

Несакани ефекти и компликации

уреди

Како и тетоважите, така и трајната шминка може да има компликации, на пример алергии на пигментот, создавање на лузни, грануломи, келоиди, пукање на кожата, лупење, појава на плускавци и локални инфекции.Употребата на нестерилизирани инструменти за тетовирање можат да го инфицирааат пациентот со сериозни болести како што се ХИВ и хепатит.Поради незадоволството или жалењето на пациентот, исто така можат да настанат и проблеми при отстранувањето и тие можат да бидат особено тешки при отстранувањето на места како што се очните капаци и усни, без да оставават трајни последици.

Во многу ретки прилики, луѓето со трајна шминка изјавиле дека чувствувале отекување или печење на местата каде што имаат трајна шминка кога подлежат на магнетна резонанца (МР).

Примери за трајна шминка

уреди
 
Трајна шминка на веѓи и траен молив за очи на врвот на очниот капак

Оваа клиентка ги има трајно тетовирано нејзините веѓи и врвот на очниот капак.Тетовирањето на веѓи е пример за техника „прашкасто потполнување“ што и противречи на линијата на косата, откако клиентката веќе има влакна на веѓите таа едноставно сака само мало здебелување и обликување.Врвот на очниот капак претставува процедура на тенка тетоважа и „зголемување на трепките“ која се користи за да го дефинира окото без да го направи да изгледа претерано нашминкано.