Трансаминаза
Во биохемијата, трансаминаза или аминотрансфераза е ензим кој врши катализа на трансаминацијата помеѓу аминокиселина и α-кето киселина. Овие ензими се важни во синтезата на аминокиселини, кои потоа формираат белковини. Во медицината, тие се важен индикатор на функцијата на црниот дроб.
Аминокиселината содржи амино (NH2) група. Кето киселината содржи кето (=O) група. При трансаминација, NH2 групата на едната молекула се заменува со =O групата на другата молекула. Аминокиселината станува кето киселина, а кето киселината станува аминокиселина.
Зголемената концентрација на трансаминази може да биде индикатор за оштетување на црниот дроб. Две важни трансаминази се аспартат трансаминаза (AST) и аланин трансаминаза (ALT).