Света вода „Топлец“
Координати: 41°44′35.18″N 20°40′24.39″E / 41.7431056° СГШ; 20.6734417° ИГД
Топлец — верски комплекс во близина на горнореканското село Ничпур, сместено непосредно на левиот брег од реката Радика.

Историја Уреди
Од металната плоча до влезот во објектот може да се забележи 2007 година, но тоа е веројатно годината на поставување на плочата. Таа исто така открива дека речната вода покрај комплексот се верува дека е света.
Архитектура Уреди
Комплексот се состои од објект со шестаголна основа, која е изградена од камен и е покриена со лимен кров. Влезот во објектот претставува отвор на една од страните, а од неговата десна страна има метална плоча со натпис за комплексот. Внатрешноста на објектот наликува на моливен простор, а неговите ѕидови се обоени во бела боја.
Галерија Уреди
-
Металната плоча до влезот во објектот
-
Комплексот со дрвениот мост кој води до него
Поврзано Уреди
Надворешни врски Уреди
- Света вода „Топлец“ на Ризницата ?