Топеница
Топеница е традиционален македонски специјалитет карактеристичен за полошкиот крај. Во Тетовско се нарекува Топењца (во крајниот Долни Полог позната е под името Цепан Дедо), додека во Гостиварско е позната како Топтањца/Туптањца. Се користи како оброк за време на пости, но се прави и како мрсно јадење. Поради својата едноставност на пригорвување, топеницата се почесто е на трпезата.
Состојки
уреди- 1 кг брашно
- 1⁄2 l вриена вода
- 1 лажица сол
- 1 лажичка сода бикарбона
- масло
Начин на приготвување
уредиВодата се става да зоврие. Брашното се меша со содата и солта и се замесува со врелата вода. Прво се меша со лажица бидејќи е врело, а потоа тестото се изработува со раце. Од тестото се кинат топчиња околу 20 и од секое топче се расукува кора. Секоја коричка се намрсува со масло и се редат една врз друга. Последната кора не се мачка и со малечките корички наредени една врз друга со сукало се прави кора колку тепсијата. Потоа се става во тепсија да се пече додека не поцрвене. Се ваѓа од рерна и со помош на две виљушки се кине топенцата на поситни или покрупни парчиња по желба. Потоа се сервира.[1]
Мрсната верзија ја опфаќа истата процедура, но се користи свинска маст. На крајот кога ќе се раскине тестото, се зоврива свинска маст (околу 200 ml) и се попарува раскинатата пита.
Наводи
уреди„Топеница“ на Ризницата ? |