Томас Леополд
Томас Леополд (роден 1693 година во близина на Кристијанштад, Сканија, починал 1771 година во Кунгалв) бил еден од пророците и маченици на шведското пиетистичко движење во текот на 18 век.
Таткото на Леополд, Сигфрид, емигрирал од Германија, а неговата мајка била ќерка на имигрант Шкотланѓанец.
На 35 -годишна возраст, за време на студиите во Лунд, Шведска, Леополд бил затворен поради неговата радикална определба на вера и останал затворен 42 години, од кои 32 години бил во тврдината Бохус, каде што и починал на 77 годишна возраст.
Понекогаш во замокот го посетувале лутерански свештеници, кои му велеле дека може веднаш да се ослободи, само ако ги осуди своите радикално-пиетистички верувања. Тој секогаш мирно одговарал дека му ветил на Исус дека ќе биде верен до крајот.
Затворската ќелија на Леополд уште е зачувана и може да се посети во тврдината во текот на летото.