Тирозин киназа инхибитор

Тирозин киназа инхибитор (TKI) е лек кој врши инхибиција на тирозин киназите. Тирозин киназите се ензими одговорни за активација на многу белковини преку каскадите на сигнална трансдукција. Белковините се активираат преку додавање на фосфатна група (фосфорилација), чекор кој е инхибиран од страни на TKI. Овие лекови обично се користат во третманот на некои видови на канцер. На пример, тие значително го подобруваат исходот кај хронична миелоидна леукемија. Се користат и за лекување на други болести, како идиопатска пулмонарна фиброза.