Тираносаурус
Тираносаурус Период: Доцна креда, | |
---|---|
Тираносаурус, наречен Стен, во Манчестерски музеј | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Влекачи |
Надред: | Диносауруси |
Тираносаурусот бил најстрашниот и најкрволочниот диносаурус кој некогаш живеел. Имал глава долга и до еден метар. Имал големи и остри заби и долг подвижен врат. Имал кратки предни нозе, а моќни и долги задни нозе на кои трчал, одржувајќи рамнотежа со долгата мускулеста опашка. Бил висок околу 5, а долг и до 15 метри. Според ножните отпечатоци, широки 70 cm и долги 75 cm, е пресметано дека чекорите му биле долги и до 5 метра. Бил брз грабливец, и, веројатно бил најголем месојадец што живеел на нашата планета. Врвот на својот развиток го достигнал, како и неговите сродници, во периодот креда, кога на Земјата владеела топла и влажна клима. Изумрел одеднаш пред околу 65 милиони години. Се размножувал со јајца како и сите други влекачи. Живеел во Северна Америка, каде се најдени најмногу фосилни остатоци.[1]
Наводи
уреди- ↑ Животинско Царство. 1997