Тинтометар
Тинтомитер (англиски: Tintometer) ― стопанско друштво основано во 1885 година од Џозеф Вилијамс Ловибонд, син на истакнат сопственик на пиварница во Гринич, Лондон. Џ.В. Ловибонд го развил првиот практичен колориметар во светот како средство за обезбедување на висок квалитет на неговото пиво. До моментот на неговата смрт во 1918 година, тој се поставил како пионер во полето на науката за боја и неговото друштво, Tintometer Limited, била веќе позната низ целиот свет по својот опсег на инструменти и стручност во полето на колориметријата. Друштвото продолжило да се засилува и како што бил постигнат напредок и во истражувањето на науката за боја и во развојот на инструменти, стандардите на Ловидонд станале специфични за многу производи ширум светот.
Извори
уредиПоврзано
уреди- Ловибондови степени
- Харолд Хортон Шелдон за подоцнежен изум на бојномерачки уред.