Зуење во ушите

(Пренасочено од Тинитус)

Зуење во ушите (Tinnitus) е симптом што се јавува кај лицата кои подолго време биле изложени на бучава, но може да биде и придружен симптом на бројни заболувања. Пациентите различно го опишуваат тинитусот: како ѕвонење, пиштење, пулсирање или шушкање. Според одредени процени, околу 20% од населението страда од тинитус.

Симбол за опасност од губење на слухот заради бучава

Причини

уреди

Зуењето во ушите не е болест, туку симптом. Најчесто, станува збор за безопасен симптом, предизвикан од подолга изложеност на силна бучава. Сепак, тинитусот може да биде придружен симптом на бројни заболувања, во пред ред на надворешното, средното и внатрешното уво. Исто така, зуењето во ушите може да биде симптом на васкуларни нарушувања или патолошки промени во околните структури, а може да се појави и како последица на ототоксични лекови.[1]

Терапија

уреди

Според препораките на Здружението за тинитус, во акутната фаза на зуењето во ушите се препорачуваат лекови што ја подобруваат циркулацијата во увото. Исто така, според одредени истражувања, во лекувањето на зуењето во ушите има екстрактот на гинкото, особено ако се зема препорачаната доза во подолг временски период.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Марина Давчева Чакар, „Гингко билбоа во третманот на вртоглавица и зуење во ушите“, Betty магазин, година IV, број 37, март 2017, стр. 9.