Техники на скијачки скокови

Дешерова техника

Техники на скијачки скокови — техники кои се користат или историски се користеле при изведување на скијачките скокови. Во зависност од поставеноста на скиите од страна на скокачот, прескокнатите далечини забележале значително зголемување во изминатиот век и денес достигнуваат над 200 м.

Техники

уреди

Конгсбершка техника

уреди
 
Скок на Харалд Фефер со примена на Конгсбершката техника во 1959 година

Конгсбершката техника (норвешки: Kongsbergknekk) била измислена од страна на Јакоб Тулин Тамс и Зигмунд Руд во Конгсберг, Норвешка. Техниката се појавила по Првата светска војна и се одликува со тоа што предниот дел од телото на скокачот е свиено во висина на колковите, а скиите се паралелни една со друга.[1] Понекогаш, можен е силен замав со рацете по примерот на птица во лет. Оваа техника придонела кон зголемување на далечината на скијачките скокови од 45 м на над 100 м, а била користена сè додека не била заменета со Виндишовата и Дешеровата техника во 1950-тите.[2]

Виндишова техника

уреди
 
Скок на Миро Оман со примена на Виндишовата техника во 1958 година

Виндишовата техника, измислена од страна на Ерих Виндиш во 1949 година, претставува изменет облик на Конгсбершката техника. Разликата е во тоа што, рацете на скокачот се поставени наназад во линија на колковите наместо нанапред, што овозможува поаеродинамичен наклон на телото.[2]

Паралелен (Дешеров) стил

уреди
 
Скок на Ханс-Георг Ашенбах со примена на паралелниот стил во 1973 година

Паралелниот стил,[3] познат и како „Дешерова техника“, бил измислен од страна на Андреас Дешер во 1950-тите години како изменет облик на Конгсбершката и Виндишовата техника.[2] Кај овој скокачки стил, предниот дел од телото повеќе не бил значително свиен во висина на колковите, што овозможува порамна и поаеродинамична положба во воздугот. Овој стил прераснал во стандардна техника за скијачко скокање сè до појавата на стилот V. Во 1980-тите, Мати Никенен направил измена во паралелниот стил со странично дијагонално поставување на скиите преку образување на пресек од латиничната буква „V“ заради зголемување на површината на тлото при доскокот.[4]

Стил V

уреди
 
Скок на Примож Петерка со примена на стилот V во 1997 година

Стилот V, понекогаш нарекуван и „Граф-Боклева техника“,[5] ја претставува најскорешна измена во техниката на скокање и се одликува со вкрстување на скиите во положба со висока аеродинамичност налик на латиничната буква „V“. Стилот прераснал во најприменувана скокачка техника по паралелниост стил кој за последен пат имал примена во раните 1990-тите години.[2]

Техниката била воведена од страна на полскиот ски-скокач Мирослав Граф.[6] Граф ја открил техниката уште како дете во 1969 година, но неговите современици не ја прифатиле сериозно. Сепак, тој бил свесен дека стилот V е доста делотворен затоа што неговите скокови биле значително подолги.

Во раните 1980-ти, Стив Колинс го применил стилот V во изменет облик, познат како „стил делта“, во кој скиите се вкрстени при врвот наместо при нивниот почеток.[7] Колинс станал најмлад победник на натпревар во Светскиот куп на 15-годишна возраст, но неговата техника никогаш на била широко прифатена. Во ова време, секоја техника освен паралелниот стил се сметала за несоодветна од страна на судиите на Меѓународната скијачка федерација, any technique aside from the parallel style was considered inappropriate by FIS. Иако техниката овозможувала изведување на скокови подолги за околу 10% од паралелниот стил, судиите им доделувале ниски оценки на скокачите кои ја применувале.

Стилот V бил прифатен од страна на судиите како соодветен во раните 1990-ти по победите и успешните настапи на Јан Боклев и Јиржи Мајец кои настојувале за примена на техниката и покрај ниските оценки за стилот. Кон средината на 1990-тите, стилот станал најчесто применувана техника за скокање од страна на сите ски-скокачи и поради тоа повеќе не била казнувана затоа што се покажала како побезбедна и поефикасна од паралелниот стил.

Стил Н

уреди
 
Скок на Леа Лемар со примена на стилот Н во 2017 година

Стилот Н се одликува со длабоко раширување на скиите во облик на буквата „Н“,[8] со незначителен или целосно без агол во облик на латиничната буква „V“.[9] Оваа техника е помалку применувана од стилот V и главно се среќава во скоковите на Домен Преуц,[10][11] Леа Лемар,[12][13][14] и Ника Крижнар.[15]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Mooallem, Jon (6 March 2018). "Once Prohibited, Women's Ski Jumping Is Set to Take Flight". The New York Times. The New York Times Company.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 MacArthur, Paul J. (March–April 2011). Skiing Heritage Journal. International Skiing History Association. стр. 20–25.
  3. Ito, Shinichiro; Seo, Kazuya; Asai, Takeshi (2008). "An Experimental Study on Ski Jumping Styles (P140)" Архивирано на 9 јули 2018 г.. The Engineering of Sport 7.
  4. Higdon, Hal (March–April 1991). Snow Country. стр. 48–51.
  5. Maryniak, Jerzy; Ładyżyńska-Kozdraś, Edyta; Tomczak, Sfawomir (2009-12-14). Configurations of the Graf-Boklev (V-Style) Ski Jumper Model and Aerodynamic Parameters in a Wind Tunnel. Human Movement.
  6. Johnson, Wayne (2007). White Heat: The Extreme Skiing Life.
  7. "USASJ Story Project- Dec 31 Bakke". USA Ski Jumping Story Project. 31 December 2012. Архивирано од the original на 4 март 2016.
  8. Коментар на германскиот коментатор на ОРФ по скокот на Лусил Мора во првиот круг од натпреварот во Сапоро на 12 јануари 2019 година.
  9. Tiilikainen, Tomi (24 September 2010). "V-tyylistä kohti H-tyyliä - "Uran kovin muutosten kausi"". Etelä-Suomen Sanomat. (фински)
  10. "Domen Prevc: Ne razumem medijev". zurnal24.si. 11 декември 2016. (синхалски)
  11. Domen Prevc, competition 1, round 1, Pyeongchang, 15 February 2017. Imgur.
  12. Коментар на германскиот коментатор Тони Оберндорфер од ОРФ по скоковите на Леа Лемар во првиот и вториот круг на натпреварот во Љубно на 11 февруари 2017 година.
  13. Lemare, Léa (4 February 2017). "New chance to rock tomorrow" Архивирано на 21 февруари 2017 г.. Pictagram.
  14. "Lea Lemare of France competes during Ljubno FIS Ski Jumping World Cup.". Getty Images. 10 февруари 2017.
  15. "Women's Ski Jumping HS100 - FIS Nordic World Ski Championships". Getty Images. 24 февруари 2017.

Надворешни врски

уреди