Тестенини од банана
Тестенините од банана се вид тестенини приготвени со користење банана како примарна состојка.[1] Производот обично се прави со незрели, зелени банани кои се сушат и потоа се мелат во брашно од банана. Тестенините од банана се храна без глутен. Производот може да се исуши за подоцнежно готвење или може да се готви веднаш по подготовката. Тестенините од банана се готват како стандардните тестенини, обично со варење. Една студија покажала дека тестенините од банана имаат повисока стапка на апсорпција на вода во споредба со стандардните тестенини, кои генерираат повисоки приноси по готвењето.
Во 2012 година, истражувачите од Универзитетот во Бразилија откриле дека тестенините од банана можат да бидат корисен производ за оние кои боледуваат од целијакија и дека во споредба со интегралните тестенини, тестенините од банана имаат пониско ниво на калории и масти, повисоко ниво на белковини и се поевтини за производство. Производот, исто така, се покажал како добро средство за искористување на зелените банани, кои имаат мала индустриска употреба и ниска комерцијална вредност.
Историја
уредиСтудија на Универзитетот во Бразилија
уредиВо 2012 година, научниците за храна од Универзитетот во Бразилија спровеле студија која вклучувала правење тестенини од банана со користење зелени банани, кои биле мелени во брашно. Своите резултати ги објавиле во списанието на Академијата за исхрана и диететика. Во тестот во кој биле вклучени 25 учесници болни од целијакија, болест предизвикана од несакана реакција на глутен и 50 учесници без болеста, двете групи повеќе го сакале вкусот на тестенините од банана во споредба со другите тестенини без глутен, како на пример оние подготвени од кафеав ориз, соја, киноа и компири. На здравата група како споредба им биле дадени и тестенини подготвени од пченично брашно. Поволните одговори биле повисоки кај болните од целијакија и пониски кај здравите.
Во споредба со интегралните тестенини, истражувачите откриле дека тестенините од банана имаат повисоко ниво на белковини, пониско ниво на масти и калории и билепоевтини за производство од тестенините од цело пченично зрно. Исто така, се предложило дека тестенините од банана можат да придонесат за контролирање на цревната регуларност и гликемиските индекси поради високото нивоа на отпорен скроб во тестенините од банана.
Комерцијално производство
уредиВо 2017 година, Тоња Ифил, претприемач од Барбадос, направила тестенини од банана направени со зелени банани. Ифил изјавила дека значаен аспект на развојот на производот било одредување на соодветна количина вода што треба да се додаде во брашното од банана и дека температурата на водата е исто така важен фактор. На пример, ако водата била премногу топла, тестенините се распаѓале.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Gluten-free pasta – made from bananas?“. New York Daily News. June 26, 2012. Посетено на March 14, 2017.
Дополнителна литература
уреди- Диетата со тестенини од зелена банана го спречува оксидативното оштетување на црниот дроб и бубрезите и ги подобрува биохемиските параметри кај стаорците со дијабетес тип 1 . Архива за ендокринологија и метаболизам. Том 60, бр. 4. ISSN 2359-3997.