Тераса во Сент Адрес
Тераса во Сент Адрес — масло на платно од Клод Моне насликано во 1867 година. Сликата е изведена за време на владеењето на Наполеон III за време на Второто Царство. Во тоа време, на многу авангардни сликари не биле прифатени во Салонот. Тогаш, Моне ќе застане на чело на група сликари наречена Анонимно друштво на сликари, вајари и гравери.
Тераса во Сент Адрес | |
---|---|
Уметник | Клод Моне |
Година | 1867 |
Медиум | маслени бои, платно |
Димензии | 98.1 cм (38.6 ин) × 129.9 cм (51.1 ин) |
Местоположба | Метрополитен |
Сопственик | Џефри Агњу, Теодор Питкерн |
Пристапен број | 67.241 |
Идентификувачи | предмет во Мет: 437133 |
Композиција
уредиЧетири лица се претставени во еден предел, две стојат и две седат во преден план на свиткани столчиња. Двете лица кои седат се таткото на Моне и Жана Лекадр, неговата тетка, скриена под сонцебран. Композицијата е испрекината со хоризонтални линии (работ на терасата и хоризонтот), вертикални линии (двете знамиња, луѓето во близина на балустрадата) и коси линии (ориентацијата на столиците). Овие линии на сила даваат рамнотежа, речиси симетрија на целиот состав. Кадрирањето е широко, ликовите се впишани во нивната околина. Погледот е одозгора на ликовите, како да се набљудувани од прозорец. Во позадина, чамци пловат по водата, во правец на Авр.
Боја и светлина
уредиКонтурите на облиците се прилично јасни, освен лицата на ликовите кои тешко се препознаваат. Моне избира реалистични бои. Доминантна на преден план е зелената од вегетацијата со светли тонови. Доминантна на позадината е загасито сина/сивкаста со придушени тонови кои се наоѓаат на небото и морето.
Надворешни врски
уреди- Impressionism: a centenary exhibition, an exhibition catalog from The Metropolitan Museum of Art (fully available online as PDF), which contains material on this painting (p. 140-144)
- Тераса во Сент Адрес на Ризницата ?