Теофан Затворник роден како Георгиј Василиевич Говоров (руски: Феофан Затворник; 10 јануари 1815 – 6 јануари 1894 г.) е руски светец, архиепископ, теолог и книжевник.

Теофан Затворник
Роден(а) 10 јануари 1815 година, Чернавска, Орловска Губернија, Царска Русија
Починал(а) 6 јануари 1894 година, Вишенскиот Манастир, Царска Русија
Почитуван(а) во православие
Канонизација 1988 година од Руската православна црква
Слава јануари 6/10

Животопис

уреди

Роден е во село Чернавска, Орловска Губернија во Царска Русија. Татко му, свештеник отец Василиј Тимофеевич Говорв преку целиот свој живот се одликувал со чист живот. Мајка му, Татјана Ивановна исто така била ќерка на свештеник. Семејството на отец Василиј било составено од четири сина и три ќерки.

Во 1823 г. Ѓорѓи пристапил во Ливенското духовно училиште. Татко му го сместил Ѓорѓи кај учителот на духовното училиште Иван Васиљевич Петин, кој му укажал големо позитивно влијание на момчето. Ѓорѓи лесно го поминал духовното училиште и по шест години во 1829 г., како еден од најдобрите како еден од најдобрите ученици бил преместен во Орловската духовна богословија (богословија).

На 1 октомври 1840 г. (стар стил) на празникот Покоров на Пресвета Богородица, студентот Ѓорѓи Говоров дал писмена изјава: “Имајќи постојана усрдност и интерес кон богословските предмети и уединет живот, јас, за да можам да ги усогласам и едното и другото во служба на црквата која што ми претстои, давам ветување, да си го посветам својот живот на монашки позив”.

На 15 февруари 1841 г. примил монашко потстрижување под името Теофан (богојавлен), во чест на преподобен исповедник Сигријански. На 6 април 1841 г. бил ракоположен за ероѓакон, а на 1 јули за еромонах од ректорот на Киевската духовна академија Јеремија, викариј на Киевскиот митрополит, во соборниот храм “Успение на Пресвета Богородица” во Киево – Печерската Лавра.

Во 1842 г. бил преместен во Новогородската духовна богословија.

Во 1847 г. бил назначаен за член на духовната мисија во Ерусалим. За своите постигнувања во мисијата, еромонах Теофан во 1854 г. бил возведен во чин архимандрит.

Во 1854 – 55 г. бил во Санкт Петербуршката духовна академија.

Во септември бил назначаен за професор и ректорна Лунецката духовна богословија сè до 1856 година.

Со указ на Светиот Синод од 21 мај 1856 г. повторно бил испратен на истокот на должност настојател – старешина на црквата кон руската амбасада во Цариград.

На 17 април 1857 г. отец Теофан бил награден со орден св. Анна втор степен.

Во 1857 г. бил назначаен со указ на Светиот Синод за ректор на Санкт Петербуршката духовна академија, каде што бил и професор по Догматика, а воедно и раководтиел на истата катедра. Подоцна бил ослободен од катедрата и требало да го контролира предавањето на Закон Божји во Москва и областа. Да биде претседател во академијата на науките по византологија, а од 1858 г. кога официјално било возобновено делото за превод делото за превод на Светото Писмо, бил назначаен за претседател на тоа дело, а воедно бил и уредник на академското списание: “Христијанско чтение”.

На 1 јуни 1859 г. Архимадрит Теофан прима епископски чин, Тамбовски и Шацски.

На 5 јули 1859 г. во денот на св. Сергиј Радонежски чудотворец стапил на Тамбовската и Шацка катедра.

На 22 јули 1863 г. св. Теофан бил преместен поголема – Владимирска епархија, со тивка наскрбеност се покорил на Божјата воља.

На 17 јули 1866 г. епископ Теофан бил ослободен од Владимирската епархија и назначаен за настојател на вишенската пустиња.

Смрт

уреди

Монгу биле внатрешните и надворешни искушенија во животот на Вишенскиот Затворник, кои биле слични на оние коишто ги читаме во житијата на древните отшелници. Тој требало да води силна борба со самиот себе, а имало и најразлични надворешни искусителни предлози. Еден таков предлог бил во 1872 г. кога му било предложено управувањето на Московската епархија. Како одговор на тој предлог тој одговорил: “Јас секогаш би се согласил со решението на Светиот Синод, ... но јас не би го заемнил дури и за патријаршки престол, туку само за Небесното Царство”.

Друг таков пр. имало во 1879 г. од отец Николај Касаткин, (подоцна канонизиран како св. Николај рамноапостолен мисионер на Јапонија), тој официјално го поканил за мисијата во Јапонија, владиката кротко и смирено одговорил: “Слепому куда ехат” – кое што значи – “слепиот човек каде да оди”.

Од тогаш па сè до последниот ден од својот земен живот, - Богојавление 1894 г. тој служел на Бога и Црквата на свој начин, оставајќи ни големо книжевно наследство во кое што доаѓа до израз чистота на православието.

Други Информации

уреди