Теопемт и Теона
Теопемт и Теона - христијански светци.
Кога Диоклецијан го објавил гонењето на христијаните, епископот Теопемт Никомидиски бил првиот којшто пострадал. Тој бил изведен пред царот и царот му се заканил со смртна казна, ако не се одрече од христијанството. На оваа закана, храбриот епископ му одговорил на царот: “Стои напишано: не плашете се од оние кои го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Ти, цару, имаш власт над моето тело, прави со него што ќе сакаш”.
Според христијанското верување, тој бил многу тепан, мачен со глад и истоштуван на разни начини. Најпосле, царот повикал некој маѓесник Теона. Теона растворил во водата најсилен отров и му дал на Теопемт да го испие. Теопемт ја прекрстил чашата и го испил отровот. Откако Теона видел дека неговиот отров не му наштетил на Теопемт, се свртел кон царот и извикал: “И јас сум христијанин и Му се поклонуван на Распнатиот”. Двајцата биле осудени на смрт: Теопемт бил со меч исечен, а Теона жив во земјата го закопале во 298 година[1].
Наводи
уреди- ↑ „Охридски пролог“ стр. 6