Вулканот Тенорио (шпански: Volcán Tenorio) - неактивен андезитски стратовулкан во северозападна Костарика. Тој е главната географска одлика на истоимениот Национален парк Вулкан Тенорио.[1]

Тенорио
Највисока точка
Надм. вис.1916 м
Координати10°40′22″N 85°00′54″W / 10.672778° СГШ; 85.015° ЗГД / 10.672778; -85.015
Географија
Тенорио на карта

Карта

МестоГраницата помеѓу покраините Алахуела и Гуанакасте, Костарика
Геологија
ВидСтратовулкан

Топонимија

уреди

Името потекнува од хоротешката легенда за Ескамека и Тенори. Името во неговиот сегашен облика за прв пат се споменува во документот од 1744 година, понатаму во 1745 година од историчарот Леон Фернандес Бониља.

Физички аспекти

уреди

Составена е од четири вулкански врвови и два кратери-близнаци, еден од кратерите понекогаш се нарекува вулкан Монтезума.[2] Географската творба зафаќа површина од 225 км2. Во најниските области има савана, дождовна шума во средните области и облачна шума на врвот.

Реките Тенорио, Тенорито и Мартирио имаат свој извор во овој вулкан.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Alvarado Induni, Guillermo. Los volcanes de Costa Rica. Editorial de la Universidad Estatal a Distancia. стр. 92–98. ISBN 978-9968-316-79-8.
  2. „Tenorio“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)