Телескоп СОАР
Телескоп СОАР (англ. Southern Astrophysical Research Telescope) – модерен телескоп со пречник на огледалото од 4,1 метар кој работи во спектарот на видливата и инфрацрвената светлина. Сместен е во Серо Пачон во Чиле. Управуван е од конзорциум во кој учествуваат Бразил, универзитетот од Мичиген, Нациолната оптичка опсерваторија на САД и универзитетот од Северна Каролина.
Широк поглед на неколку опсерватории вклучувајќи го Серо Пачон со СОАР | |
Надм. висина | 2 738 m |
---|---|
Бранова должина | видливa и инфрацрвена |
Прва светлина | 17 април 2004 |
Пречник | 4,1 m |
Мреж. место | noirlab.edu/science/programs/ctio/telescopes/soar-telescope |
Содржини на Ризницата |
Подготовките на локацијата почнале во септември 1998 година. Договорот меѓу партнерите бил потпишан во јануари 1999 година. Огледалата биле инсталирани во февруари 2004 година, а пуштањето било на 17 април 2004 година.[1]
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- (англиски) SOAR : Официјално мрежно место на опсерваторијата ;
- (англиски) SOAR : мрежно место на Универзитетот Мичиген Архивирано на 6 јануари 2011 г..