Теледом
Теледом (унгарски: Teleház) претставува здружение на Унгарците во Македонија. Тоа е формирано во 2003 година и брои стотина членови. Здружението е мошне активно и соработува со Амбасадата на Унгарија и унгарскиот Институт „Балаши“. Нивната годишна програма опфаќа организирање повеќе активности за зачувување и негување на унгарската култура и јазик, но и за запознавање на македонската поширока јавност со нејзините вредности и преку манифестации, претстави, изучување на унгарски јазик, како и неделите на унгарската култура и на унгарскиот филм. Здруженито секоја година ја организира прославата на националниот празник на Унгарија на 15 март, денот на Буржоаската револуција и национално-ослободителната борба на унгарскиот народ во која се удрени темелите на модерна и парламентарна Унгарија.
Претседател на здружението (состојба 2013) е Јожеф Шутуш.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Општина Кисела Вода оддаде почит на Шандор Петефи“. Општина Кисела Вода. 16 март 2013. Посетено на 2013-03-17.[мртва врска]