Телевизиски водител: Легендата за Рон Бургунди
„Телевизиски водител: Легендата за Рон Бургунди“ (англиски: Anchorman: The Legend of Ron Burgundy) — американски [[[филм]] од 2004 година, во режија на Адам Макеј. Улогите ги играат: Вил Ферел, Кристина Еплгејт, Дејвид Кочнер, Стив Карел и Маја Рудолф.[1]
Синопсис
уредиДејствието на филмот се одвива во 1970-тите во Сан Диего. Рон Бургунди (го игра Ферел) е еден од најдобрите телевизиски водители во градот. Кога во неговата телевизиска куќа се вработува новинарката Вероника Корнингстоун (ја игра Еплгејт), тој ја сфаќа како закана за неговото работно место. Имено, Вероника најпрвин известува за т.н. „женски теми“ (модни ревии на мачки и емисии за готвење), но потоа посакува да стане уредничка и водителка на вестите. Рон ги употребува сите можни начини за да ја отстрани конкуренцијата...