Ташко Питу Гулев или Шула Гули — македонски револуционер и доброволец во Македонско-одринско ополченство.

Животопис

уреди

Ташко Гулев е роден во градот Крушево, тогаш во Отоманското Царство, во семејството на познатиот војвода Питу Гули - Влав по потекло, војвода на ВМОРО и херој од Крушевската Република за време на Илинденското востание. Негови браќа се Стерјо Гулев и Никола Гулев.

Во периодот на Балканските војни (1912-1913) станува добровелец во Македонско-одринско ополченство. Загинува како доброволец од Втората чета на Шестата охридска дружина во Втората балканска војна во Битката кај Брегалница крај Царев врв (Султан Тепе), денес во Македонија.