Тахион
Тахион /ˈtæki.ɒn/ или тахионска чистичка е хипотетичка честичка која секогаш се движи побрзо од светлината. Зборот доаѓа од грчки: ταχύ се изговоруваtachy /ˈtɑːxi/, и значи брзо. Бил измислен во 1967 од Џералд Фајнберг.[1] Комплементарните видови на честичката се нарекуваат луксон (секогаш се движат со брзината на светлината) и брадион (секогаш се движат побавно од светлината), кои и едните и другите постојат. Можноста за постоењето на честички кои се движат побрзо од светлината, за првпат е предложена од страна на О. П. М. Биланиук, В. К. Дешпанде, и E. В. Г. Сударшан во 1962 година, иако терминот кој го користеле за нив бил "мета-честичка".[2]
Повеќето физичари мислат дека честички кои се движат побрзо од светлината не може да постојат, бидејќи тие не се во согласност со познатите закони на физиката.[3][4] Ако такви честички постоеја, тие би можеле да бидат искористени за изградба на тахионски антителефон и да се испратат сигнали побрзи од светлината, со што (според специјалната релативност) би се довело до нарушување на каузалноста.[4] Постојните потенцијални теории кои дозволуваат можни честички побрзи од светлината ги вклучуваат и оние кои ја прекршуваат Лоренцовата непроменливост, симетријата кај специјалната релативност, така што брзината на светлината не е пречка.
Наводи
уреди- ↑ Feinberg, G. (1967). „Possibility of Faster-Than-Light Particles“. Physical Review. 159 (5): 1089–1105. Bibcode:1967PhRv..159.1089F. doi:10.1103/PhysRev.159.1089.
- ↑ Bilaniuk, O.-M. P.; Deshpande, V. K.; Sudarshan, E. C. G. (1962). „'Meta' Relativity“. American Journal of Physics. 30 (10): 718. Bibcode:1962AmJPh..30..718B. doi:10.1119/1.1941773.
- ↑ Lisa Randall, Warped Passages: Unraveling the Mysteries of the Universe's Hidden Dimensions, p.286: "People initially thought of tachyons as particles traveling faster than the speed of light...But we now know that a tachyon indicates an instability in a theory that contains it. Regrettably, for science fiction fans, tachyons are not real physical particles that appear in nature."
- ↑ 4,0 4,1 Tipler, Paul A.; Llewellyn, Ralph A. (2008). Modern Physics (5. изд.). New York: W.H. Freeman & Co. стр. 54. ISBN 978-0-7167-7550-8.
... so existence of particles v > c ... Called tachyons ... would present relativity with serious ... problems of infinite creation energies and causality paradoxes.
Надворешни врски
уреди- Тахион на Ризницата
- The Faster Than Light (FTL) FAQ (from the Семрежен архив)
- Tachyon entry from the Physics FAQ