Татјана Николаевна Романова

Татјана Николаевна Романова (руски: Великая Княжна Татьяна Николаевна, 29 мај 1897– 17 јули 1918) била втора ќерка на царот Николај Втори, последниот монарх на Русија и на царицата Александра. Родена е во Петерхоф, Санкт Петербург.

Биографија уреди

Татјана била помала сестра на Големата војвотка Олга и постара сестра на Големата војвотката Марија, Големата војвотката Анастасија и принцот Алексеј. Таа била позната меѓу нејзините браќа и сестри како „гувернантата“ по нејзиниот доминантен, но и мајчински однос. Татјана била најблиска од сите деца со нејзината мајка царицата Александра, често минувајќи многу часови читајќи ѝ. За неа се смета дека е најубава од сите нејзини сестри и дека имала аристократски изглед. За време на Првата светска војна, таа тренирала да стане медицинска сестра (заедно со нејзината постара сестра војвотката Олга). Периодот во кој таа била медицинска сестра завршил со апсењето на неа и на нејзиното семејство во 1917 година по февруарската револуција. Нејзиниот живот како и животите на сите членови на семејството Романов завршиле на 17 јули 1918 година, кога биле убиени од страна на комунистчките револуционери.